Гостивар
Во Гостивар се подготвува Акциски план за лицата со посебни потреби, формирана е работната група

Гостивар ќе добие Акциски план за потребите на лица со посебни потреби. На Светскиот ден на лицата со посебни потреби, 3 декември градоначалникот Арбен Таравари го потпиша решението со кое се формира Работна група за изработка на планот. Работна група ја сочинуваат: координаторот Африм Иљази и членовите Бујар Алиу, Јетмир Алиу, Маргарита Милошеска, Самир Грбле и Џеват Фејзули.
Од Општината информираат дека согласно решението кое веќе стапи во сила, овој стратешки документ ќе го подобри квалитетот на животот на лицата со посебни потреби. Новоформираната група е задолжена да изготви акциски план за лицата со посебни потреби кој ќе ги содржи потребите, решенијата, целите и приоритети така што локалната власт и организациите на лица со различни потреби ја унапредуваат положбата на лицата со посебни потреби во заедницата.
Исто така, ќе се воспостави специфичен систем за проценка на потребите кој ќе вклучува констатирање и мислење со проценка на специфичните потреби на лицата со посебни потреби, мислење и проценка на статусот на попреченост како и пристап во согласност со правилото 5 од Стандардните правила на ОН за изедначување на можностите за лицата со посебни потреби.
-Работната група ќе ја усогласи и фактичката состојба на територијата на општина Гостивар со пристапност за лицата со посебни потреби, внимавајќи на вертикалната и хоризонталната сигнализација на пешачките патеки, тротоарите и паркинг местата за лица со посебни потреби, ниските тротоари со раскрсници и премини за пешаци, звучна сигнализација на семафорите и пристапност на институциите кои работат на територијата на општина Гостивар за лица со посебни потреби, соопштија општинските власти.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 2 недели
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 3 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 1 месец
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 1 недела
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава