Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар се потрошиле 750 брзи ковид тестови, обезбедени се уште 2.000

Објавено

на

Во лабораторијата на Здравствениот дом во Гостивар од втората половина на ноември до сега, направени со вкупно 750 брзи ковид тестови. Тестирањето се спроведува во посебни термини определени само за таа намена, закажувањето оди преку матичните лекари, според симптомите на пациентите, а услови е тие да не траеле подолго од 5 дена. Чекање нема, односно наутро веќе може да се најде термин за тест за истиот ден, а резултатите се добиваат за половина час.

Екипите на Здравствениот дом продолжуваат да земаат брисеви и да испитуваат присуство на корона на овој начин, и во наредниот период.

„Откако беа воведени кај нас брзите тестови, имаме бројка од направени 750. Обезбедени се тестови и за наредниот период преку Министерството за здравство, и располагаме со уште 2.000 брзи тестови. Се надевам дека овој континуитет ќе биде запазен и понатаму, се додека имаме проблем со постоечката пандемија.“, вели д-р Абдулкадар Алији, раководител на лабораторија-Здравствен дом Гостивар 

Последните дваесетина дена, со стишувањето на коронавирусот, темпото на тестирање е намалено. Ако претходно имаше 25 до 30 пациенти дневно, сега оваа бројка е петнаесетина. Паѓа и процентот на позитивни од тестирани. Актуелно се добиваат од 15 до 20% позитивни резултати за разлика од претходно кога речиси секој втор тест беше позитивен

Тестирањето од почетокот на оваа година се одвива непречено, со исклучок на неработни и празнични денови, а имаме опаднат тренд споредено со минатата година. Може да констатираме дека се користи 60 до 65% од капацитетот,  значи толкавата е и потребата. И пациентите кои се обраќаат за преглед кај матичните лекари се најверојатно толку, оние кои имаат симптоми на сезонски грип или коронавирус. Како што е и во целата држава и кај нас е карактеристично пад на бројката на позитивни резултати. Изминативе 2-3 недели се движи од 15 до 20%. Ова се поклопува со епидемиолошката слика на подрачјето на Гостивар, а и во целата држава.“, наведува д-р Алији.

Брзите ковид тестови се бесплатни за пациентите. Со нив се овозможува поефикасно регистрирање на позитивните случаи и нивно навремено третирање и изолирање од околината, што е најважно во спречување на ширење на вирусот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 минути

Приведена жена во Гостивар, одзела предмети од трговски објект

Гостиварпред 3 часа

Предупредување за силен ветер и до 60 километри на час

Македонијапред 3 часа

Две лица приведени за убиството на лекарот во Железара

Здравје и убавинапред 13 часа

7 митови и заблуди за кафето кои секој треба да ги знае

Гостиварпред 15 часа

Работилницата за репарација „Прогрес“ Гостивар претставена во Хрватска како позитивен пример

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

СДСМ и коалициските партнери формираа „Коалиција за европска иднина“

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

ДИК усвои Упатство на двојните избори на 8 мај на гласачките места да се оди еднаш

Македонијапред 18 часа

Тошковски: Владата незаконски поништи мои акти и не дозволи да назначам началник на СВР Тетово

Гостиварпред 19 часа

Гостиварски театар: Скоро 40% помалку средства за претстави, ни се блокира работата

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена