Гостивар
Во Гостивар се пријавени 6.711 невработени – регионот е на петто место во земјава

Со вкупна бројка од 6.711 евидентирани невработени лица, гостиварскиот регион се наоѓа на петто место во земјава по невработеност. Пред Гостивар се: град Скопје (18.347), Прилеп (7.084), Куманово (11.746) и Тетово (13.256).
Според податоците од Агенцијата за вработување, најбројни меѓу невработените во гостиварско се лицата со основно или без образование, кои ги има 4.120. Со непотполно средно има 368, со средно образование 1.639, со вишо 39. Како невработени се водат 498 граѓани кои завршиле факултет, како и 47 магистри.
Од вкупниот број на невработени регистрирани во Центарот за вработување Гостивар, 3.043 се од женски пол. Што се однесува до националната припадност, 1.463 се Македонци, 3.575-Албанци, 705-Турци, 553-Роми и други.
Вкупната бројка на невработени лица во земјава, заклучно со 30 април изнесува 103.083.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите