fbpx
Поврзи се со нас

Вести

Во Гостивар се собираат потписи за поддршка на децата со посебни потреби

Објавено

на

Здружението Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби започна да собира потписи од граѓаните на Гостивар за поддршка на проектот „Со почит“. Се работи за проект кој има за цел да се надминат предрасудите и да се спречи употреба на зборови кои се навредливи за лицата со попреченост и нивните семејства, рече Маргарита Милошеска, член на Ресурсниот центар.

            Во пораката која денес им се делеше на граѓаните што дадоа поддршка на активноста со свој потпис стои: „Лицата со попреченост имаат право на достоинствен и квалитетен живот. Да ги срушиме бариерите и да создадеме мостови на соработка, почитување и еднаквост“.

Потписи за поддршка на проектот „Со почит“ ќе се собираат и во наредните два дена, недела и понеделник на градскиот плоштад во Гостивар.

Родителите на децата со посебни потреби во Македонија преку повеќе здруженија во иднина ќе бараат промена на законските рамки за одредени права со цел да им се помогне во негата и грижата за најмилите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!