Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар сезонава регистрирани над 1.500 заболени од грип, во земјава 33.171

Објавено

на

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број на заболени од грип и заболувања слични на грип во Македонија изнесува 33.171. Податокот е објавен во завршниот извештај за состојбата со грипот на Институтот за јавно здравје.

Во него се наведува дека споредено со истиот период од минатата сезона постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за околу 54 %, а во однос на моделот за последните 9 сезони се регистрира намалување од 29 %.

Најголем број на заболени лица биле регистрирани во скопскиот регион -6.084, по кој следуваат струмичкиот – 3.210 и велешкиот 2.822. Од табелата може да се забележи дека на гостиварското подрачје биле евидентирани над 1.500 пациенти со грип.

Според Институтот за јавно здравје, во текот на сезоната 2019/20, регистрирани се вкупно 3 смртни случаи асоцирани со грип.

„Се работи за лица на различна возраст – од 14-85 години од Скопје, Кочани и Пробиштип кои биле хоспитализирани на различни клиники во УКЦ Мајка Тереза во Скопје. Кај сите починати лица утврдено е присуство на коморбидитети и ниту еден од нив не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај трите лица, лабораториски е потврдена Influenza A/H1pdm.“, пишува во извештајот.

ИЈЗ анализира дека сезоната 2019/2020 се одликува со задоцнет старт и задоцнет пик на заболувањето, висока контагиозност на вирусот на грип, со голем број на пријавени случаи.

Предвременото нагло намалување на пријавувањето на случаи на грип, како и лабораториското тестирање корелира со почетокот на пандемијата на COVID-19, оценуваат од Институтот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 8 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 9 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 11 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 12 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 14 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 14 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 16 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена