Гостивар
Во Гостивар состанок за училиштата: Носење униформи, отсуства и мобилни телефони дел од темите

Да има редовност во наставниот процес на учениците и наставниците, ако ученикот отсуствува класниот раководител да ги информира родителите, да се почитува кодекс на облекување и однесување и да се носат униформи, да не се користат мобилни телефони за време на наставата. Ова се дел од заклучоците од денешниот состанок на надлежните за образование во Општина Гостивар, училишните управи, стручните служби и претставници на родителските совети.
На дневен ред се разгледуваа повеќе прашања кои ги засегаат училиштата и учениците на подрачје на Гостивар со цел да се изнајдат решенија и да се подигне квалитетот на образовниот процес.
„Зборуваме на различни теми и таму каде што има проблемите со заеднички напор да ги надминуваме. Околу редовноста на учениците на пример, потенциравме дека децата не треба да се пуштаат без причини од настава. Потоа дека треба да се почитуваат кодексот на однесување и на облекување, да се носат униформите. Според нас тоа е многу битно, затоа што впечатокот кога ќе се влезе во училиштето е многу добар, се гледа дека тоа се ученици. Исто така, со униформите се чува облеката од валкање и децата не се натпреваруваат кој каква облека носи“, рече раководителката на општинскиот Сектор за образование, Аслијан Снопче.
Таа информираше дека во однос на мобилните телефони, бил испратен допис до основните училишта да се забрани користење за време на наставата, додека во средните да се постават соодветни кутии или други држачи каде учениците ќе ги оставаат телефоните кога влегуваат на час.
„Секако за да се спроведе тоа е голема обврска за наставниците и директорот, но потребно е, за да не настанува хаос, затоа што децата со мобилните телефони навистина губат концентрација“, подвлече Снопче.
На состанокот се доскутираше и за хигиената во училиштата, врсничкото насилство (булинг), безбедноста, менаџирањето со нафтата за греење и друго.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите