Гостивар
Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварци утревечер (23-ти мај) ќе имаат можност за убаво театарско доживување и опуштање со урнебесната комедија „Обвинителка“, која изминатиот период ги полни салите низ земјава.
За прв пат публиката во Гостивар ќе ја гледа легендарната српска актерка Лидија Вукиќевиќ, добро позната на овие простори по улогите во сериите: „Подобар живот“ и „Жикина Династија“.
Покрај неа во претставата глумат и докажаните македонски актери, Магдалена Ризова-Черних и Сашо Ристовски.
„Тоа што многумина го посакуваа како театарска претстава веќе имаат можност да го видат на сцената. Комедија без вулгарности, комедија на ситуации со јасно изразени карактери и комедија која третира актуелна тематика. Тоа е комедијата ,,Обвинителка”, која дава свој суптилен коментар на денешното време. Преку низата на драмски ситуации актерското трио Вукичевиќ, Ризова и Ристовски со извонредната актерска игра изнудува многу смеа од страна публиката. Како е да се биде бизнисмен? Обвинител или вработен во обвинителство? Кои средства се користат за спас од обвинение? Љубовта и страста што можат да му сторат на еден човек, како е да се плашиш и да живееш во страв дека те прислушкуваат, колку и на што се сме спремни за да побегнеме од одговорност и многу општествени случувања кои се карактеристични за денешното време. Како и многу други прашања, самата претстава го дава одговорот. Низ многу комични ситуации публиката ќе ужива во брилијатната актерска енергија и ќе се насмее до солзи.“, наведуваат од Центарот за култура „АСНОМ“.
Претставата е базирана на соработка на уметници од Македонија и Србија, а интересот за оваа хит комедија е огромен во целиот регион.
Автор на текстот е Огнен Неделковски, режијата е на Сашо Ристовски, сценографијата на Крсто Богојевски, костимографија на Елена Лука, а музиката на Мишел Трајковски
Претставата утревечер (23-ти мај) е со почеток во 20 часот. Билети ќе има на самиот влез на Центарот за култура, по цена од 200 денари.
(комерцијална објава)
-
Бизниспред 1 месец
ЛЕАР Тетово вработува
-
Гостиварпред 2 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Македонијапред 2 месеци
Православните одбележуваат Велики Петок, тажниот ден на распнувањето на Исус
-
Македонијапред 2 месеци
Зошто Велигден не е секоја година на ист датум – како се пресметува?
-
Македонијапред 2 месеци
Православните верници слават Благовештение
-
Гостиварпред 3 месеци
ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Вo Здравствен дом Ростуше дијагностика и интервенции со современа апаратура за пациентите од цел регион
-
Македонијапред 1 месец
Здружението на историчарите бара враќање на Историјата за VI одделение