Вести
Во Гостивар за сега нема многу заболени од грип
Настинки, вирози и инфекции на горните дишни органи, очекувано за овој период од годината, ги полнат лекарските амбуланти во Гостивар. Добрата вест е што вирусот на грип не е раширен меѓу гостиварци. Состојбата со ова заболување сега за сега е стабилна и бројот на заразени е мал. Според податоците од Епидемиолошкото одделение во Гостивар, грип фатиле четириесетина граѓани, бројка што не е загрижувачка.„Првите пациенти со грип во гостиварскиот регион беа регистрирани во октомври. Во текот на месецов има нови заболени, но со оглед на тоа дека се работи за малку случаи може да констатираме дека вирусот нема заземено помасовна форма“, информира прим. д-р Војислав Огњаноски, епидемиолог.
Сезонава со вакцинација против грип беа опфатени 1.100 гостиварци, главно постари и хронично болни лица со цел да се спречат посериозни компликации што може да ги предизвика заболувањето.
За подобар имунитет и заштита од вируси лекарите советуваат повеќе овошје и зеленчук во исхраната, проветрување на просториите кадешто се престојува подолго време, високо ниво на лична хигиена и пиење на поголеми количини безалкохолни пијалоци.
Минатата година од грип на гостиварското подрачје заболеа околу 1.500 граѓани.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди