Култура
Во Гостивар заокружен проектот „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови 2“

Со промоција на збирка поезија и доделување на благодарници во Гостивар заврши проектот „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови 2“. На завршниот настан, присуствуваа авторите на песните кои се застапени во книгата, соработниците во проектот, претставници на локалната самоуправа и други гости.
Збирката е тријазична (на македонски, албански и турски јазик) и содржи творби од млади поети од гостиварскиот регион од различни националности.
„Целта е да се афирмираат младите поети и таленти од Гостивар и гостиварско, да се сплотат различните националности преку стиховите, да се подигне нивото на културата и да се придонесе за нејзин развој. Секако на овој начин се поттикнува и поголемо учество на младите во културните збиднувања на локално ниво.“, рекоа од Здружението за култура и заеднички вредности КРИК-094, кои ги реализираа активностите.
Младите поети беа избрани по пат на конкурс, на кој се пријавуваа со песна на свој мајчин јазик. Селектираните творби обработуваат различни теми, гледишта на животот, внатрешни расположби, проблеми со кои се соочуваат младите, љубов, животни вредности итн.
Во збирката се застапени: Ева Дејановска, Бериника Арслани, Анастасија Лефкоска, Сумеја Алиу, Даница Среткоска, Сена Халити, Симона Филипоска, Елмин Елези, Рабиа Охрули, Марија Пандиловска, Нада Спасеска, Сумејје Луш и Тугба Зекири. Препевот на турски јазик е на Илкер Јусуф, додека на албански јазик го направи Афродита Џафери.
Проектот „Млади поетски пера-Стиховите градат мостови 2“ финансиски е поддржан од Општина Гостивар. По тој повод, на настанот беа доделени благодарници и на општината и претседателот на општинскиот Совет, Валбон Лимани.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја