Гостивар
Во Гостивар запишани околу 570 првачиња, желби за успех и среќен почеток!

Учениците од денес се вратија во школските клупи, по летениот распуст. Првиот училиштен ден во новата учебна година, како и вообичаено најмногу посветен на децата кои тргнуваат во прво одделение. Во училиштата на територијата на Општина Гостивар во учебгана 2022/2023-та година запишани се вкупно 568 првачиња. Тие заедно со своите родители денес присуствуваа на свечените приеми што за нив ги организираат училиштата. До нив стигнаа бројни честитки, желби за успех и среќен почеток.
„Посебно задоволство е да се биде меѓу учениците на 1-ви септември, особено со дечињата кои се запишуваат во прво одделение. Во училиштата во Општина Гостивар оваа учебна година има 568 првачиња. Им посакувам се‘ најубаво, успешна учебна година. На родителите им честитам што нивните деца почнуваат да одат во училиште, со желба да бидат здрави, успешни, па чекорат по вистинскиот пат на знаењето. Ние како општина се обидовме оваа година, колку толку да им олесниме на семејствата со трошоците за подготовка на првачињата и за секое прваче издвојуваме по 1.500 денари. Сумата можеби не е многу висока, но секако е значајна во оваа прилика. Затоа ги повикувам родителите кои имаат запишано деца во прво одделение да аплицираат во општина, за да им ги пуштиме парите. Успешна учебна година им посакувам и на директорите на училиштата и наставниците, да работат посветено, затоа што се работи за нашите деца, внуци, нашата иднина.“, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој денес ги посети основните училишта „Исмаил Ќемали“ и „Гоце Делчев“.
Новата учебна година почнува во услови на енергетска криза, што ќе биде дополнителен предизвик за школските управи и општинските власти.
„Се наоѓаме во тешка учебна година во која се соочуваме со многу проблеми и предизвици, пред се‘ со енергетската криза. Ние како општина ќе направиме се‘ што е во наша моќ да се справиме како што треба со тоа и се надевам дека нема да има потешкотии. За жал учебната година почнува и со проблеми со учебниците, Министерството за образование доцни со учебниците. Посакувам што поскоро сите ученици да имаат соодветни учебници“, рече градоначалникот.
Инаку, за разлика од лани, годинава наставата во училиштата почнува да се одвива без посебни протоколи за ковид и без задолжение за носење маски.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024