fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

Во гостиварско има 275 деца со посебни потреби-се бараат уставни и законски измени

Објавено

на

Внесување на лицата со попречености во Уставот, формирање посебен Народен правобранител за заштита на правата на оваа категорија граѓани, законски измени во делот на статистиката, ослободување од одредени плаќања. Ова се дел од барањата коишто Здружението на лица со посебни потреби од Гостивар „Заедно можеме“, ги изнесе пред претставниците на политичките партии и побара да ги вметнат во своите предизборни програми.

Барањата беа образложени на состанок, на кој присуствуваа и родители на деца со посебни потреби.

„Со Уставот не е гарантирано никакво право за лицата со посебни потреби, затоа бараме во член 9 и 110 да се оддаде „попреченост“. Друго, бараме промени на Законот за статистика за да се знае колку точно лица и деца има со посебни потреби во Македонија. Бараме, Народен правобранител само за заштита на лица со посебни потреби, потоа измени во Законот за патишта, во чл. 66 од во дијагнозите кои се ослободени од патарина да се вметнат и аутизам, даунов синдром, глуви и наглуви лица.“, изјави Шпенди Салија, претседател на здружението.

Освен уставните и законските измени, од Здружението бараат и отворање на Центар за рехабилитација во Гостивар, кој ќе биде наменет за децата со церебрална парализа, аутизам и други дијагнози, кадешто тие ќе може да добиваат соодветен поединечен третман.

Според нивните податоци на поширокото гостиварско подрачје, кое ги опфаќа општините Гостивар, Маврово Ростуше и Врапчиште има над 270 деца со посебни потреби, а 80% од нивните родители се соочуваат со тешки финансиски кризи.

Остави коментар

Напишете коментар

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Вработувања Полог:

анкета:

Дали треба да се воведуваат дигитални учебници во училиштата?

  • Не (78%, 352 Votes)
  • Да (20%, 88 Votes)
  • Не знам (2%, 11 Votes)

Вкупно гласачи: 451

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!