Гостивар
Во гостиварско мирно, во тетовско расте бројката на корона позитивни

Во регионот на Гостивар и во денешната статистика на Министерството за здравство нема нови потврдени случаи на КОВИД -19, за разлика од тетовското подрачје кадешто се регистрирани 6 новозаболени.
МЗ соопшти дека во изминатите 24 часа направени се 460 тестирања, а потврдени се 17 нови случаи на корона во земјава. По региони во: Скопје-3, Куманово-2, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2, Битола -1.
Досега во земјата се направени вкупно 20.548 тестирања на ковид-19.
Институтот за јавно здравје денес регистрира 16 оздравени пациенти:
– Скопје 7
– Куманово 6
– Прилеп 2
– Велес 1
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (89г), хоспитализиран од 4 мај. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира и пациент од Велес (72г) починат на 13 мај во ГОБ „8 септември“, кој бил на болничко лекување од 15 април.“, информира МЗ.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1740, бројката на оздравени пациенти е 1251, на починати е 97, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 392.
- Македонијапред 4 недели
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 4 недели
Се празнува Спасовден
- Македонијапред 3 месеци
Од полноќ ново поскапување на горивата
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 1 месец
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!