Гостивар
Во гостиварско-тетовски регион во саботната вечер откриени 12 пијани возачи

Во рамките на континуираните активности за поголем ред и безбедност во сообраќајот, Секторот за внатрешни работи Тетово ноќеска од 22 до 4 часот, спроведе уште една од серијата акциски контроли на возачи – дали и колку од нив управуваат под дејство на алкохол.
При контролата биле откриени и санкционирани 12 возачи (ТЕ-10 и ГВ-2), кои управувале “алкохолизирани”, од кои кај еден биле измерени до 2 промили алкохол во крвта. Сите веднаш се исклучени од сообраќај, а на 8 возачи времено им се одземени и нивните возачки дозволи, информира портпаролот на СВР, Марјан Јосифоски.
Покрсј тоа, изготвени им се и поднесоци и прекршителите ќе се соочат со парични глоби од 225 до 275 евра во денарска противвредност, зависно од степенот на нивната алкохолизираност.
СВР Тетово апелира до возачите да избегнуваат консумирање алкохол, зашто ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Ова, дотолку повеќе што во полн ек е сезона на свадбени и други свечености и секоја чашка алкохол плус може да биде фатална.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!