Поврзи се со нас

Гостивар

Во гостиварско Зубовце традиционално прославен празникот Огнена Марија

Објавено

на

Со црковно-народни обичаи во гостиварското село Зубовце денес, традиционално беше прославен православниот празник во чест на велокомаченицата Св.Марина-Огнена Марија. Оваа светица е заштитничка на селото и мештаните на денешен ден ја оддаваат својата почит кон неа.

Утрово во црквата која го носи името на велокомаченицата Св. Марина, беше отслужена Света златоустова литургија. Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, изврши водосвет и ги благосливи кумските лебови.

Одбележувањето на големиот ден за Зубовце продолжи со заедничка веселба во кругот на храмот, кадешто освен жителите на селото се собраа и голем број на гости.

Инаку, црквата Св. Марина е изградена пред повеќе од 160 години, врз темелите на многу постара црква, додека фрескоживописот на храмот го насликал познатиот Дичо Зограф, со својата тајфа.

 

фото:тетовско-гостиварска епархија

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена