Гостивар
Во Градец пуштен во употреба Дневен центар за лица со попреченост

Во селото Градец, (Општина Врапчиште) денес официјално беше пуштен во употреба Дневен центар за лица со попреченост. Преку установата, за лицата со физички, интелектуални или комбинирани попречености ќе се обезбеди сеопфатна грижа, задоволување на нивните потреби за учење, социјализација, организирање на нивното слободно време.
„Дневните центри претставуваат мост меѓу социјализацијата, учењето на нови вештини и нови активности на лицата со попреченост. Тука ќе може да го поминуваат времето и да го поддржат својот развој. Лично сум сведок на придобивките кои лицата со попреченост ги имаат од Центрите како овој, од разговорите како со стручните соработници кои се вклучени во работата на центрите, така и со општините, но најважно, за придобивките зборуваат самите корисници.“, истакна министерката за труд и социјала Јована Тренчевска.
Изградбата на Центарот се реализираше со поддршка на Европската Унија преку Програмата ЕУ за општините.
„Знам колку е значајно да има услови за соодветно згрижување на децата, и тие не само да го поминуваат времето во една установа, туку и да научат нешто, да се развиваат и едуцираат. Се надевам дека ова ќе ги поттикне семејствата да дојдат, да се информираат за концептот на работа на центарот, и да ги користат услугите“, кажа Штефен Худолин, шеф на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ.
Врапчиште е првата рурална општина во земјава каде се отвора Дневен центар од ваков тип.
„Ова претставува суштинска трансформација во однос на создавање на соодветна средина за учење, грижа во текот на денот, социјализација и инклузија за најранливите членови на нашата заедница“, нагласи на настанот градоначалникот Исен Шабани.
Партнер во спроведувањето на проектот за изградба на установата е Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) Гостивар.
„Изградбата на дневниот центар за лица со попреченост ја отслика потребата на пошироката заедница и консултативниот процес што Општината го спроведе со граѓаните околу приоритетните социјални проблеми за решавање.“, изјави Лулзим Хазири, извршен директор на АДИ.
Дневниот центар во Градец се наоѓа до објектот на основното училиште. Проектот е со финансиска рамка од околу 425 илјади евра од кои 85% се обезбедени од ЕУ, додека 15% од Министерството за локална самоуправа.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден