Гостивар
Во градинките во Гостивар се штрајкува, работат само ангажираните со договор на дело

Вработените во гостиварските градинки се приклучени на генералниот штрајк на СОНК, и од вчера го прекинаа извршувањето на работните задачи, а штрајкот го поминуваат во посебни простории определени за таа намена.
Сепак, со оглед дека законски мора да се обезбеди згрижување на децата кои родителите ќе ги однесат во градинка, со нив работат ангажираните со договор на дело. Вчера 540 запишани деца во градинките во Гостивар, беа донесени 104, додека денеска таа бројка е помала за триесетина.
„Ситуацијата во градинките е специфична, затоа што законска обврска е да се згрижуваат децата. Вработените стапија во штрајк, додека во работата со децата кои родителите ги носат кај нас се вклучија оние кои се ангажирани со договори на дело, а ги имаме 22 од сите профили. Денес во градинка се донесени 70 деца“, информира за Gostivarpress.mk директорката на гостиварските градинки, Даниела Бошкоска.
Министерството за труд и социјална политика пак соопшти дека на државно ниво од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, во 25 предучилишни установи за деца денес воопшто не се штрајкува. Додека пак, во 50 предучилишни установи штрајкувале само дел од вработените.
„Овие податоци укажуваат дека една третина од вкупно вработените во предучилишните установи не го поддржуваат штрајкот организиран од СОНК, што претставува пораст од четири установи за разлика од вчерашниот ден“, извести Министерството.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022