Гостивар
Во хидроелектраната Вруток заврши главниот дел од реконструкцијата на шахтите

Во хидроелектраната Вруток во рамките на ХЕС Маврово, заврши главниот дел од реконструкцијата за санирање на водостанските шахти, соопштија од компанијата.
„Овој зафат се провлекувал како неопходност во АД ЕСМ во последните десет години. Дејствата кои ги презедовме со овој проект ќе овозможат драстично намалување на загубите на вода, зголемување на производството, заштита од ерозија на околниот реон, како и заштита на реката Вардар од заматување. Со санацијата на вертикалната шахта од Шарскиот довод која заврши пред две недели, а во 2021 година со санацијата на вертикалните шахти од Јеловски довод, ќе се реши проблемот со загуба на вода што трае од 2010 година, и ќе се овозможи поголема стабилност и функционалност на електраната. Проблемот со појавените извори под затворачница-XIX биле особено изразени во март 2010, кога се зголемени од претходните 22 литри во секунда на 62 литри во секунда, за во 2014 да дојдат до 250 литри во секунда и конечно во 2016 година од 350 до 400 литри во секунда.“, изјави при денешната посета на хидроелектраната во Вруток, генералниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски.
Преку овој зафат, од близу 3 милиони евра, се изведе санација која ќе овозможи да не се губат повеќе 11 до 12 милиони м3 вода годишно како досега, или попрецизно како енергија 17 до 18 GWh електрична енергија, кои претставуваат 600 до 700 илјади евра неостварена добивка секоја година, токму поради загубата на вода.
Со овој проект, покрај стабилност на производството, се постигна и безбедност на системот и на човечките ресурси, како и продолжување на работниот век на електраната, нагласи Ковачевски.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар