Поврзи се со нас

Гостивар

Во хотели во Маврово има 135 лица во државен карантин – ги обезбедува војска и полиција, општина М.Ростуше се вклучува со комунални услуги

Објавено

на

Во државен карантин во два хотели во Маврово, од вчеравечер сместени се 135 македонски граѓани кои допатуваа од странски земји. Според најавите, вечерва во трет хотел треба да бидат згрижени уште 61 лице, кои ќе пристигнат во земјава од странство.

За 14 дневниот државен карантин важат посебни протоколи. Граѓаните не смеат да ги напуштаат собите, добиваат по три оброци дневно, потребни средства за хигиена и сл.

Во обезбедувањето при транспортот и престојот на граѓаните учествува армијата и екипи од Одделението за внатрешни работи Гостивар, а Општина Маврово Ростуше се вклучува преку комуналните служби во делот на правилно отстранување на отпадот.

„На територијата на Општина Маврово и Ростуше во два хотели сместени се 135 лица во државен карантин, коишто се дојдени од западно европските земји преку организираниот превоз. Нив ги обезбедува полицијата и армијата, а ние се вклучуваме како општина преку Јавното комунално претпријатие за да ги опслужиме тие граѓани. Инаку, моментално состојбата на територијата на Општина Маврово и Ростуше е стабилна. До сега немаме инфицирани лица со коронавирус. Се надеваме дека со максимално почитување на препораките од Владата и Министерство нема да имаме заболени. Упатувам уште еден апел до граѓаните да ги почитуваме препораките за да избегнеме ширење на вирусот.“, изјави градоначалникот на Маврово Ростуше, Медат Куртовски.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена