Поврзи се со нас

Вести

Во Хрватска осветен првиот македонски православен храм

Објавено

на

Во Загреб, Хрватска се изврши осветување на првата македонска православна црква во оваа земја „Св. Злата Мегленска“. Вчеравечер во храмот беше отслужена вечерната богослужба со која чиноначалствуваше поглаварот на МЦП-ОА г.г. Стефан во сослужение со митрополитите Европски г. Пимен, Тетовско-гостиварски г. Јосиф и парохискиот свештеник во Република Хрватска протојереј-ставрофор Кирко Велински, протоереј-ставрофор Марјанчо Мадевски, Игумен Гаврил Игумен Агатон, ереј Дејан Белчовски.

Како што информираа од Тетовско-гостиварската епархија, по богослужбата се доделија одликувања на хрватскиот државен и црковен врв во знак на благодарност за придонесите кон македонската заедница во Загреб и помошта во изградабата на црквата.

На вечерната богослужба присуствуваше и премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ,и директорот на македонската комисија за верски прашања, Даријан Сотировски.

фото:тетовско-гостиварска епархија

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена