Занимливости
Во Италија живеат најатрактивните мажи во Европа

Во која земја во светот живеат најатрактивните мажи? Картата на Европа објавена на Икс графички го прикажува мислењето на жителите на различни земји и каде според нив живеат најубавите мажи.
Со оглед на тоа што земјите се поделени по боја, може да се забележи дека доминантна боја на картата е жолтата, што ја означува Италија, а мажите од оваа земја важат за најатрактивните во поголемиот дел од Европа.
Италијанците се најатрактивни за Шпанците, Французите, Британците, жителите на скандинавските земји, а исто така и за луѓето од околните земји – Србија, Хрватска и Црна Гора, вклучително и Босна и Херцеговина.
Интересно е што Италијанците ги сметаат Швеѓаните за најпривлечни, а меѓу најатрактивните на картата беа Грците, Бразилците и Шпанците.
Како што е наведено на веб-страницата „Worldpopulationreview“, победата на Италијанците како најатрактивни не изненадува бидејќи, како што објаснија, „Италија како модна престолнина значи дека мажите и жените се грижат за себе и за својот изглед“.
Покрај тоа, интересно е и тоа што според минатогодишното истражување, Италија била рангирана дури на осмото место на најатрактивните нации во светот, додека Индијците се на прво место.
На второ место се САД, а на трето Шведска.
Рангирањето е направено со анализа на илјадници објави на Reddit за атрактивни нации. Анализирани се сите објави на Редит во кои се споменуваат различни епитети како „атрактивен“, „убав“, „згоден“. Резултатот потоа бил составен со помош на бројот на објави, коментари и гласови.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос