Поврзи се со нас

Македонија

Во изминатите три дена нови 159 случаи на ковид, од нив 25 реинфекции

Објавено

на

    Во последните три дена од 6 до 9 мај, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, направени се 2.777 тестови, а регистрирани се 159 нови случаи на КОВИД-19, од кои 25 се реинфекции. Регистрирани се 225 оздравени лица, а пријавено е едно починато лице и дополнително согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“ регистрирани се две починати лица.

    Од вкупниот број новозаболени, двоцифрена е бројката само во Скопје – 79 и во Битола – 29. Во Прилеп регистрирани се девет случаи, во Охрид осум, во Куманово, Кавадарци и Велес има по пет нови случаи, Кичево – 4, Тетово и Ресен – по 3, Штип и Гевгелија – по 2, Гостивар, Струга, Радовиш, Богданци и Кратово – по 1.

    Починатото лице е од Охрид на 82 годишна возраст, а двете дополнително регистрирани починати лица се од Скопје на возраст од 58 и 83 години. Едниот е починат во домашни, а другиот во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 27 до 29 април.

    Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, а на починати 9.287. Бројот на активни случаи во моментот е 578. 
    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена