Занимливости
Во Израел пронајдено јајце старо 1000 години

За време на неодамнешните археолошки истражувања во израелскиот град Јавне, било пронајдено непроменето јајце од кокошка старо 1000 години. Ова јајце било пронајдено на место кое датира од византискиот период од четвртиот до седмиот век од нашата ера. Јајцето било пронајдено во античка септичка јама.
Израелските археолози велат дека ова откритие е многу ретко во цел свет. Пронаоѓањето на фрагменти од лушпи од јајца секогаш било интересно откритие за време на ископувањето, но е релативно вообичаено, додека целото јајце што го пронашле е вистински уникат, и е единствен случај.
Интересно е дека јајцето останало недопрено дури 1000 години, додека јајцата денес ретко преживуваат во картоните од супермакетите без да се скршат. Ова јајце е пронајдено во рамките на проект за изградба на нова населба во градот, а според нивниот закон, ископувањата мора да бидат заштитени пред било каков потег.
Јајцето било распукано, па затоа повеќето од неговата содржина протекла, но дел од жолчката е останата, што ќе им овозможи на истражувачите да направат ДНК и понатамошни анализи.
Кокошките биле припитомени во Југоисточна Азија пред околу 6000 години, но после долго време почнале да се користат во исхраната. Тие биле користени за други цели, односно борба против петлите. Се сметале за убави животни. Античките кокошки од овој регион, како и нивните јајца биле помали од денешните.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар