Поврзи се со нас

Занимливости

Во кои европски земји има најдобар квалитет на вода за капење?

Објавено

на

Непосредно пред почетокот на летната сезона на одмори, Европската комисија (ЕК) објави извештај за квалитетот на водите за капење во земјите членки на ЕУ, како и за Албанија и Швајцарија.

Во кои европски земји има најдобар квалитет на вода за капење?

Најновиот годишен извештај за квалитетот на водите за капење во Европа, заснован е на податоците од 2018 година, но сепак е добар показател каде летово може да се најдат најквалитетните води.

Најголем процент 95,4% – од вкупно 21,831 места за капење кои се контролираат во 28 земји членки на ЕУ ги исполнуваат минималните стандарди за квалитет, се наведува во годинешниот извештај на Европската комисија и Агенцијата за животна средина.

Во четири земји, нешто повеќе од 95% од местата за капење имаат вода со одличен квалиет. Кипар 99,1%, Малта 98,9%, Австрија 97,3% и Грција 97%. Хрватска се наоѓа во самиот врв со 94,4%, додека овој процент во Словенија изнесува 87,2%.

Во Албанија 62% од капачките капацитети имаат одличен квалитет на вода. Во Бугарија овој процент изнесува 52,6%, а во Романија 56%.

Сите области за капење опфатени со извештајот во Кипар, Грција, Латвија, Луксембург, Малта, Романија и Словенија имале најмалку, доволно добар квалитет на водата во 2018 година.

Три земји со најголем број на места за капење кои се со слаб квалитет на вода имаат: Италија (89 или 1,6%), Франција (54 или 1,6%) и Шпанија (50 или 2,2%). Во овие земји, процентот на вода за капење со одличен квалитет на вода е 90% за Италија, 78,8% за Франција и 87% за Шпанија.

Во споредба со 2017 година, бројот на местата за капење со лош квалитет на вода е намален во Франција (од 80 на 54), додека во Италија (од 79 на 89) и во Шпанија (од 38 на 50).

Контаминацијата на водата за капење со фекални бактерии претставува ризик за здравјето на луѓето, посебно кога станува збор на местата за капење. Пливањето во контаминирана морска вода и езера може да доведе до разни болести. Главните причини за загадување се отпадните води од земјоделските стопанства и обработлицото земјиште. Овој вид на загадување се зголемува во време на поројни дождови и поплави, што доведува до испуштање на отпадните и контаминирани вода во реките и мориња, велат од ЕК.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена