Вести Гостивар
Во контрола низ Гостивар фатени алкохолизирани и возачи без дозвола

Изминатиот викенд, полицијата на гостиварското и на тетеовското подрачје спроведе акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол.
При контролата вкупно биле фатени 13 алкохолизирани возачи од кои 9 во Тетово и четворица во Гостивар. Тие биле исклучени од сообраќај, а возачките дозволи им биле времено одземени.
Вчера, во рамките на засилените сообраќајно-контролни контролни активности биле откриени 14 лица ( Тетово-10 и Гостивар-4 ) кои ги управувале возилата без положен возачки испит и тројца возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања.
На сите им се изготвени соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените парични глоби, соопшти СВР Тетово.
Викендов биле откриени и законски санкционирани и 27 други видови прекршоци, од кои 15 на тетовоското и 12 на гостиварското подрачје.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја