Поврзи се со нас

Гостивар

Во крводарителни акции на гостиварската полиција годинава собрани 53 единици крв

Објавено

на

Денеска (9 декември) од 9 до 13 часот во Секторот за внатрешни работи во Тетово се спроведе втората крводарителска акција оваа година, во која вкупно беа собрани 15 единици крв. Заедно со претходната акција вкупната бројка на собрани единици во СВР Тетово сега изнесува 43. Во периодот за кој станува збор вкупната бројка на собрани единици во двете досега реализирани акции во Одделението за внатрешни работи Гостивар изнесува 53.

Со овие акции, вработените во СВР Тетово уште еднаш на дело ја искажаа нивната несебичност, хуманост и солидарност и на најконкретен начин партиципираа во континуираните напори и активности за афирмација и унапредување на крводарителството на пошироките полошки простори. Она што посебно охрабрува е дека меѓу крводарителите значителен е бројот на нови, млади полициски службеници кои даруваат дел од себе за да спасат други животи.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена