Вести
Во Леуново одбележани 75 години од формирањето на партизанскиот одред Кораб
Со пригоден собир пред споменикот на паднатите борци и жртви на фашизмот во Леуново, беа одбележани 75 години од формирањето на партизанскиот одред Кораб. Настанот го организираше Општинскиот одбор на Сојузот на борци од Гостивар, на иницијатива на Стојан Блажески, кој пред присутните се осврна на раѓањето, задачите и целите на одредот.
„Мавровско-гостиварскиот одред Кораб бил формиран на 14-ти март 1943 година, во месноста Арамиски камен во старата жандармериска станица во непосредна близина на селото Леуново оддалечено 4 километри на патот од Тајмиште. При самото формирање, одредот броеше 15 борци, но за десетина дена во неговите редови пристапија уште 13 борци. Покрај борци од Мавровско, имаше и од Гостивар, Тетово, Крушево, Вруток и други места. Во судбоносните денови за македонскиот народ, борците од одредот Кораб живееја целосно во војнички режим со стражи и дежурства и одиграа значајна улога во борбата за слобода“, подвлече Блажески.
На одбележувањето, кратко обраќање имаше и претседателот на ОО Сојуз на борци – Гостивар, Радислав Ѓиноски.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди