Спорт
Во Леуново за првпат во Македонија ќе се одржи трка на терен со пречки „Leunovo OCR“

Утре, (29 мај) во Леуново, за првпат во Македонија ќе се одржи трка на терен со пречки (Obstacle course racing OCR) со пешадиски препреки, скокање преку вертикални ѕидови, качување по јаже, ползење низ кал, носење вреќи со песок, гаѓање со копје, трчање низ плитки потоци, стрмнини – „Leunovo OCR“.
Натпреварувачите пеш ќе треба да совладаат патека од 12 километри по која ќе има 20 природни и вештачки препреки. Учество ќе земат над 260 натпреварувачи од земјава, поделени во три категории: мажи, жени и екипи. За најуспешните е обезбеден награден фонд.
Стартот и целта на трката се поставени на самата брана на Мавровското езеро во село Леуново, од каде натпреварувачите ќе се упатат кон селото, односно кон чешмата Студенче, со круг низ планинските шуми ќе се вратат на целта. Останатите препреки ќе бидат поставени веднаш под браната.
Организаторот ветува многу адреналин, забава, болка, но и задоволство. Настанот започнува во 09:30, стартот на трката е закажан во 10:00 часот.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Македонијапред 3 месеци
Ноќеска поместете ги стрелките на часовниците – започнува летно сметање на времето