Гостивар
Во локали во гостиварско приведени девојки од Албанија, Украина, Србија и Косово

Приведени се 16 странски државјанки при контрола на угостителски објекти на подрачја на селата Врапчиште и Неготино.
Како што соопштија денеска од МВР, вчера, од 1.20 до 2.45 часот после полноќ, полицијата извршила контрола во угостителски објекти во гостиварско, сопственост на Ф.Б. и С.Т..
Меѓу странските државјанки седум биле од Албанија, три од Косово, една од Србија и пет од Украина кои, како што се наведува, престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој.
Лицата биле приведени во ОВР Гостивар и против нив се поднесени барања за поведување прекршочна постапка по Закон за странци, а од страна на судот им се изречени парични казни и прекршочни санкции.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
Фото глетка од Гостивар на дождлив јунски ден