Поврзи се со нас

Македонија

Во Македонија најголем дел од вакцинираните против ковид примиле Спутник

Објавено

на

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 26 април до 2 мај 2021, тестирани се вкупно 14.975 материјали, а регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата. Процентот на новозаразени е со намалување од 39,7% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (857; 41,5%).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (781). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (349), 40-49 (333), 30-39 (323) и 20-29 (172). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (33) и 10-19 години (85).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 4.012 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 34,5% во споредба со минатата недела.

Пријавени се 167 смртни случаи од 22 градови, 20,9% помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 150 лицa биле над 60 години, 15 лица на возраст од 50-59 години и по едно лице од возрасните групи од 30-39 и 40-49 години.

Во однос на вакцинацијата во извештајот се наведува дека заклучно со 2 мај со Pfizer/Biontech вакцинирани се вкупно 19.858 (15.933 со прва доза и 3.925 со втора доза), со Sputnik V се вакцинирани 34.177 (22.768 со прва доза и 11.409 со втора доза), со вакцината на AstraZeneca вкупно се вакцинирани 21.949 лица и со Sinopharm се вакцинирани 953 лица.

 

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена