Поврзи се со нас

Гостивар

Во март 415 дозволи за градење во земјава, во Гостивар годинава 36

Објавено

на

Во март годинава се издадени 415 одобренија за градење, што е за 11,3  проценти повеќе во однос на март лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува над 5 и пол милиони денари, што е за 21,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 220 (53 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 108 (26 проценти) за објекти од нискоградба и 87 (21 процент) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 415 објекти, на 229 (55,2 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 186 (44,8 проценти) од објектите инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 478 станови. Во Југозападниот регион ќе се градат 186 станови, а најмногу, 153, во Струга, по што следи Полошкиот со 110 станови, па Скопскиот со 97, од кои 39 во општина Карпош, а 39 во општина Центар.

Општина Гостивар од почетокот на годинава има издадено 36 одобренија за градба. „Со тоа сме меѓу општините со најголем број издадени дозволи во земјава“, велат оттаму.

Локалната самоуправа вчера организираше средба со раководителите на Секторот за урбанизам и проектантските фирми од Гостивар, на која, меѓудругото, се разговараше за Деталните урбанистички планови кои се усвоени од почетокот на 2023 година и деталните планови кои се во процедура и се очекува да бидат усвоени во текот на оваа година.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена