Гостивар
Во Маврово и на Шапка по 30-тина сантиметри снег, од утре нови врнежи
Најстудено утрово е на Попова Шапка -7 степени, каде има и најголема снежна покривка од 32 сантиметри, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Под нулата е и во Маврови Анови -7, Крушево -6, Битола -5, Крива Паланка, Охрид, Прилеп и Претор -4, Велес и Берово -2, Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Струмица, Виница и Тетово -2, Штип и Демир Капија -1. Најтопло е во Гевгелија 3 степени.
Во Маврови Анови има 29 сантиметри снег, а во Ѓуриште пет.
Во изминатите 24 часа, до 7 часот утринава најмногу дожд има наврнато во Демир Капија 11 l/m2, потоа Кавадарци -9, Струмица -7, Берово -5, Прилеп -4, Велес, Битола и Виница -2 и Гевгелија, Маврови Анови и Пожаране по еден l/m2.
Времето денеска преку ден ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.
Максималната температура ќе достигне од 4 до 9 степени.
Од утре (понеделник) под влијание на циклонска активност и студен воздух од север ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд, особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка. Снег ќе има понекаде и во пониските места.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди