Поврзи се со нас

Гостивар

Во Маврово и Ростуше учебната година започна според предвиденото

Објавено

на

Денеска навреме започна школската учебна година за учениците од општина Маврово и Ростуше.

Градоначалникот Медат Куртовски, ги посети сите основни училишта во 0пштината, посакувајќи им на учениците успешна учебна година и што побрзо враќање на сите ученици во школските клупи.

„На сите првачиња, кои за прв пат седнаа во училишните клупи, им посакувам пред се многу здравје, успешен училишен старт во деветгодишниот образовен маратон кој им започна денес, во малку поинакви услови од претходните“, честиташе градоначалникот.

Во основните училишта во Општина Маврово и Ростуше, започна новата учебна година за учениците до трето одделение со физичко присуство на следење на наставата. Воспитно образовниот процес во сите училишта каде се одвива настава со физичко присуство започна со претходна дезинфекција на рацете, обувките како и мерење на телесна температура на сите ученици, како дел од протоколите за успешна и безбедна реализација на наставата во услови на Ковид-19, информираа од општината.

Наставата во општинските основни и подрачни училишта се одвива спроред одредениот начин на МОН.

ОУ Блаже Конески – Скудриње наставата до трето одделение ќе се одвива со физичко присуство, додека од четворто до деветто одделение ќе се одвива преку онлајн настава. Додека во подрачните училишта во с. Присојница и с.Аџиевци настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до петто одделение.

Наставата во ОУ – Хајан Селмани до петто одделение ќе се одвива со физичко присуство на учениците, додека од шесто до деветто одделение ќе се одвива преку онлајн настава. Додека во подрачните училишта во с. Требиште настава со физичко присуство ќе следат од прво до деветто одделение.

Во с.Велебрдо и с.Јанче настава со физичко присуство ќе следат учениците од прво до петто одделение.

Наставата во ОУ – Јосип Броз Тито Жировница од прво до петто одделение ќе се одвива со физичко присуство на учениците, додека учениците од шесто до деветто одделение ќе се одвива преку онлајн настава. Додека во подрачните училишта во с. Врбјани и с. Сенце наставата ќе се одвива со физичко присуство на сите ученици.

Наставата во ОУ – Денче Дејаноски Маврово и подрачните училишта во с. Врбен и с. Нистрово наставата ќе се одвива со физичко присуство на сите ученици.

Советот на Општина Маврово и Ростуше на 45-та седница, на барање на директорите на општинските основни и средни училишта, кои претходно ги обезбедија сите неопходни услови во сите училишни згради за оддржување на настава со физичко присуство на учениците, како и со добиени позитивни мислења за условите во училишните објекти за оддржување на настава со физичко присуство на учениците, од Државниот просветен и Државниот санитарен инспекторат.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена