Поврзи се со нас

Гостивар

Во Маврово ќе се одбележат 42 години од упокојувањето на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј

Објавено

на

По повод 42 години од Блаженото упокоение на Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, (прв Архиепископ на возобновената Охридска Архиепископија во МПЦ), во сабота на 20-ти мај во црквата „Свети Никола“ во Маврово, со почеток во 8 часот ќе се служи света заупокоена литургија.

По литургијата ќе се служи парастос, по кој ќе следи собир во чест на г.г. Доситеј.

Во чест на мавровецот г.г. Доситеј група планинари од Маврово организираа и планинарски марш до врвот Сандакташ 1983 мнв кој се наоѓа на планината Бистра и од кој се простира прекрасна панорама кон Мавровското Езеро и мавровскиот регион.

Со настанот односно одбележувањето на Св. Никола Летен, неофицијално се означува и почеток на богатите културни, спортски и традиционални летни манифестации преку кои посетителите имаат можност да ги искусат традициите и убавините во мавровскиот крај.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена