Поврзи се со нас

Вести

Во Маврово на 20 и 21 јули ќе се одржи „ЦАЦИБ Маврово 2018“

Објавено

на

На 20 и 21 јули во прекрасното Маврово ќе се одржи 10-та меѓународна ЦАЦИБ изложба на расни кучиња, 5-та по ред во Маврово „ЦАЦИБ Маврово 2018“.

Настанот е во организација на Кинелошкото друштво Скардус од Гостивар, а во соработка со Кинелошкиот сојуз на Р.Македонија. На изложбата ќе учествуваат излагачи на кучиња од 13 земји. Судии на годинешната изложба ќе бидат: Горан Дојчиноски, Слободан Милошевски, Митко Илкановски сите од Македонија и Адриано Кандиас од Р. Србија.

Настанот е организиран два дена. Во петок со почеток од 16 до 19 часот и во сабота од 1о до 13 часот. Петок вечер за сите учесници е организирана забава во Гламур во Маврово.

Кинелошкото друштво Скардус од Гостивар, постои од 1996 година и е едно од најреспектабилните кинолошки друштва во државава. Со многу учества на кинолошки манифестации низ светот.

Организаторот ги повикува сите љубители на кучиња да дојдат во Маврово на дружење, забава и промоција на убавината на кучето.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена