Гостивар
Во Маврово-Ростуше 16 ковид позитивни, Кризниот штаб одржа состанок

Кризниот штаб за заштита од ковид 19 на Општина Маврово и Ростуше, одржа координативен состанок во проширен состав, со присуство на дел од имамите од повеќе населени места.
Како што информираат од општината, на состанокот била разгледана моменталната состојба со ковид-19 и донесени биле неколку заклучоци.
„Констатирано е дека на територијата на нашата општина имаме 16 позитивни на овој вирус, сите се во стабилна здраствена состојба и на сите им посакуваме што побрзо оздравување. Од страна на имамите беше истакнато дека, како и до сега така и во иднина од страна на верниците, кои своите верски обреди ги вршат во џамија, строго се почитуваат сите заштитни мерки и препораки кои се дадени од страна на СЗО и МЗ. На состанокот се донесоа следните заклучоци:
-
Да се почитува забраната за движење од 20:00 до 05:00 часот, која започна на 06.04.2021 и ќе трае до 20.04.2021 година, донесена од Владата на РСМ.
-
Да се почитуваат сите други препораки дадени од Владата на РСМ, СЗО и Министерството за здравство.
-
Да бидиме претпазливи, задолжително да носиме заштитна маска, како и да избегнуваме гужви и патување не потребно по другите градови.“, соопштија од општината.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо