Поврзи се со нас

Вести

Во Мека денеска почнува аџилакот, се очекуваат над 2 милиони аџии

Објавено

на

    Во Мека денеска почнува годинашниот аџилак, еден од петте столбови на исламот, и на него се очекува да присуствуваат повеќе од два милиони муслимани од целиот свет.

    Тоа ќе биде најголемиот аџилак откако пандемијата на коронавирусот ги принуди саудиските власти драматично да го намалат настанот, пренесува Хина.

    Повеќе од 926.000 аџии учествуваа во 2022 година, во споредба со само 59.000 претходната година, покажуваат официјалните податоци.

    Во 2019 година, на аџилакот се собраа околу 2,5 милиони муслимани.

    По целосното укинување на ограничувњата поврзани со Ковид-19 и старосната граница, Кралството Саудиска Арабија очекува да се врати на нивоата пред пандемијата, што значи пристигнување на повеќе од два милиони луѓе.

    Од сите муслимани се очекува барем еднаш во живото да го извршат аџилакот (хаџот) во Мека, се разбира, доколку имаат средства за тоа и се здрави.

    Верниците се собираат во светиот град на неколкудневни ритуали во кои го следат патот на последниот аџилак на пророкот Мухамед.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена