Македонија
Во млеко Милкано пронајден афлатоксин, Стокомак го повлекува од продажба

Агенцијата за храна и ветеринарство и ланецот маркети Стокомак информираа дека се отповикува небезбедениот производ УХТ ТРАЈНО МЛЕКО, МИЛКАНО 3,2%, поради присуство на присуство на афлатоксин М1 со сериски број/лот- LOT FD04. Апелираат до крајните потрошувачи кои гo имаат купено горенаведениoт производ со посочениот сериски број/лот, истиот да нe гo консумираат и да гo вратат на местото од каде гo купиле.
Во соопштението на Стокомак се наведува:
„Доколку некој од нашите купувачи има купено од овој ЛОТ го повикуваме да го врати во нашите маркети, ќе им биде надоместен целиот износ. Веднаш е реагирано до производителот кој ни испрати резултати од интерна лабораторија која не соодвеставува со овие резултати. Ние ги почитуваме нашите надлежни институции и истото веднаш е повлечено од промет. Поради овој огромен пропуст нашата компанија повеќе нема да соработува со оваа млекара. Се извинуваме на сите наши ценети потрошувачи за овој пропуст кој нема да дозволиме да се повтори во иднина. Воедно ве информираме дека од овој производ како и останатите Милкано производи не се спорни во овој случај“,
Млекото е со датум на произдовство 5.10.2022 г. и рок на траење 4.03.2023 г. Како што информира АХВ производител е млечна индустрија МИ 99 – Градачац, Босна и Херцеговина.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите