Вести
Во Москва воведени „антитерористички мерки“

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, воведе „антитерористички мерки“ во главниот град на Русија, поради ескалацијата на конфликтот меѓу руската армија и платениците на групата „Вагнер“.
Собјанин утринава на својот канал на Телеграм напиша дека на улиците веќе е воведена зголемена контрола на сообраќајот. Можни се и ограничувања на масовни настани, додаде тој.
„Како резултат на добиените информации, во Москва се спроведуваат антитерористички мерки за зајакнување на безбедноста“, напиша Собјанин. Тој побара разбирање од повеќе од 13 милиони жители на метрополата.
За зголемени безбедносни мерки на Телеграм напиша и гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов. Воробјов ги повика луѓето, доколку е можно, да се воздржат од патување со приватни автомобили кон јужна Русија, каде што ситуацијата е особено напната во моментот.
Шефот на приватната армија на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, синоќа го обвини руското воено раководство дека нападнало камп на неговите платенички трупи со артилерија, хеликоптери и ракети, при што убиле многу негови луѓе. Тој потоа се закани дека ќе го исчисти военото раководство на Русија, велејќи дека има 25.000 луѓе под своја команда.
Пригожин утринава кажа дека неговите сили ја презеле контролата врз воените објекти во јужниот руски град Ростов-на-Дон.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!