Гостивар
Во наредните две недели во Гостивар ќе се засадат 100 дрвца донација од фирми

Неповолните временски прилики го одложија почетокот на акцијата за засадување на дрвца во Гостивар, која требаше да се случи во рамки на одбележувањето на Денот на екологијата, 21 Март. Активностите сепак ќе се спроведат во текот на наредниот период. Од Здружението ГвЕко најавија дека предвидено е во следните две недели на различни локации да бидат засадени стотина дрвја, донација од гостиварски компании и граѓани.
„Трета година по ред, со голема поддршка на Општина Гостивар и претпријатието за паркови и зеленило спроведуваме акции за раззеленување на градот и околината, што е навистина за поздравување. Секоја пролет и есен садиме нови дрвца, денес за жал поради времето не ја почнавме акцијата, но во идните две недели ќе се засадат 100 дрвја, донации од компании и граѓани. Горда сум што фирмите и граѓаните од Гостивар покажуваат таква почит и култура и сакаат да придонесат за чиста животна средина“, рече Валентина Штерјоска од здружението ГвЕко.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила