Поврзи се со нас

Вести

Во недела 94-то доделување на Оскари…Кои се фаворитите?

Објавено

на

Во недела, 27 март, ќе се одржи 94-то доделување на Оскарите. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања од минатата година. Вестернот „Моќта на кучето“ има 12 номинации, научно фантастичниот спектакл „Дина“ десет, а по седум номинации добија „Белфаст“ и „Приказна од западната страна“.

Македонската Телевизија ќе го емитува доделувањето на Оскаровската церемонија, каде ќе се појават најзначајните имиња од филмската индустрија, од номинираните до презентерите на наградите.

Најавени се Ентони Хопкинс, Хали Бери, Кевин Костнер, Џон Траволта, Џејсон Момоа, Џејми Ли Кертис, Лејди Гага, Џејк Џи Ленхол, Шон Мендез и многу други. Бијонсе, Били Ајлиш, Риба Мекинтаер и Себастијан Јатра ќе ги изведат номинираните оригинални филмски песни.

Ќе има сегмент посветен на 60 години од првиот Бонд филм и 50 години од снимањето на филмот „Кум“.

Реџина Хол, Ејми Шумер и Ванда Сајкс првпат ќе бидат водителки на Оскаровската церемонија.

-Годинава идејата на Оскаровското шоу е да се обединат љубителите на филмот. Затоа и поканивме три од најдинамичните, забавни жени со многу различни стилови во комедијата, изјави продуцентот на шоуто Вил Пакер.

Доделувањето на најпрестижните филмски награди во светот, кое ќе се одржи во театарот Долби во Холивуд и Хајланд, Холивуд, ќе го пренесуваат преку 200 територии во светот.

Преносот на МТВ ќе започне 30 минути по полноќ, во ноќта недела кон понеделник со Црвената патека.

Оскаровска церемонија ќе започне во 2 часот по полноќ. Скратена снимка од Оскаровското шоу во траење од 2 часа ќе се емитува во вторник во 20:45 на МТВ.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена