Спорт
Во недела ќе се одржи 19-от меморијален турнир во кошарка „Другарите за Игор 2021“

По пауза од една година, поради рестриктивните ковид мерки кои беа на сила мината година, на 20 јуни во спортската сала „Младост“ во Гостивар ќе се одржи традиционалниот 19-ти по ред меморијален турнир во кошарка „Другарите за Игор“. Турнирот го организираат другарите на Игор, под покровителство на КК Гостивар и Општина Гостивар.
Оваа година ќе се одиграат два ревијални натпревари каде ќе настапат младинските категории на КК Гостивар М16 и М18, а ќе гостуваат КК АВ Охрид и кошаркарската репрезентација на Македонија М20. Од 16 часот ќе се сретнат КК Гостивар М16 и КК АВ Охрид М16, а од 18 часот ќе се пресметаат КК Гостивар М18 и младинската репрезентација на Македонија.
Настанот како и секоја година ќе биде од хуманитарен карактер, влезниците ќе се продаваат по 50 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели во Гостивар. Истиот се организира во спомен на прерано починатиот гостиварски кошаркар Игор Билески, кој животот го загуби трагично во сообраќајна несреќа на 9 јуни, 2002-рата година.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград