Спорт
Во недела ќе се одржи 21-от меморијален турнир во кошарка „Другарите за Игор 2023“

Утре, (недела, 4 јуни, 2023) во спортската сала на СОУ ,,Гостивар” во Гостивар ќе се одржи традиционалниот 21-ви по ред меморијален турнир во кошарка „Другарите за Игор“. Турнирот го организираат другарите на Игор, под покровителство на КК Гостивар.
Годинава учество ќе земат младинските екипи на КК Гостивар, КК Тетекс, КК Љуботен и КК Мариф. Почетокот е закажан во 12 часот.
Настанот како и секоја година ќе биде од хуманитарен карактер, влезниците ќе се продаваат по 50 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели во Гостивар. Истиот се организира во спомен на прерано починатиот гостиварски кошаркар Игор Билески, кој животот го загуби трагично во сообраќајна несреќа на 9 јуни, 2002 година.

Другарите за Игор – 2017 година.

Другарите за Игор – 2018 година

Другарите за Игор – 2019 година.

Другарите за Игор – 2021 година.

Другарите за Игор – 2022 година.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос