Гостивар
Во недела во Стенче осветување на црквата Св. великомаченица Екатерина

Свечен чин на радост на сите верници, претстои во полошкото село Стечне. Во недела на 18 септември, во селото ќе се изврши осветување на црквата Света великомаченица Екатерина.
Чинот на осветувањето ќе започне во 8,00 часот, а со него ќе чиноначалствува Митрополитот Тетовско-гостиварски г.Јосиф, во сослужение на повеќе свештенослужители од тетовското архиерејско намесништво и од Милетинската парохија, по што ќе следува и свечена литургија. Настанот ќе заврши согласно верските традиции со свечена трпеза на љубовта.
Ден претходно, на 17 септември во сабота, од 17 часот ќе се отслужи вечерна богослужба и ќе се изврши водосвет, по што ќе следува култрурно уметничка програма.
Изградбата на црквата која единствена во Македонија го носи името на Света Екатерина започна во 2013 година, кога е осветен камен-темелникот од страна на тогашниот митрополит Полошко-кумановски Кирил. Се наоѓа над самото село, на ридот Чука спроти Стенчевската тврдина и е четврта црква која го краси ова село од Горни Полог.
Црковниот одбор на село Стенче и парохискиот свештеник протореј Ненад Ѓорѓески ги повикуваат сите верници да присуствуваат на овој величествен чин.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Занимливостипред 1 недела
Речениците на Толстој ја откриваат тајната на среќен живот: Најголемите вистини се наједноставни
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
„Сокче од морковче“… дознајте кои се огромните придобивки
-
Занимливостипред 2 недели
Како се прават најдобрите кубански цигари – Отмена арома на луксузот
-
Гостиварпред 4 недели
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 2 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Ниќифорово може да даде уште една потврда дека Македонија е библиска земја
-
Македонијапред 4 дена
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава