Гостивар
Во Општина Врапчиште уште еден позитивен на коронавирус, во земјава има 26 новозаболени

Министерството за здравство ја објави дневната статистика за состојбата со Ковид 19. Во изминатите 24 часа во земјава потврдени се 26 нови случаи.
По региони: Скопје -11, Куманово -2, Тетово -3, Струга – 6, Битола -1, Гостивар (Општина Врапчиште) -1, Виница- 1 и Неготино -1.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со ковид-19 во нашата земја изнесува 1326.
На територијата на Општина Гостивар и денес нема нов случај. На подрачјето на Општина Врапчиште сега има вкупно 5 позитивни пациенти на коронавирус. Лицето кое денес е евидентирано како заболено е со лесна клиничка слика и се наоѓа на домашно лекување.
Министерството за здравство информираше дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 80 години од Скопје, лекуван на Клиниката од 21 април.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022