Гостивар
Во општините Гостивар, Врапчиште и М. Ростуше активно болни се 48 лица, денес нови 4 случаи
Меѓуопштинскиот Кризен штаб денес на редовен состанок ја разгледа состојбата со коронавирусот на подрачјето на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше. Според изнесените податоци на состанокот, денес се регистрирани вкупно 4 нови случаи, од кои 3 во Општина Гостивар и 1 во Општина Врапчиште.
Моментално активно болни се вкупно 48 лица, од кои 29 во О.Гостивар, 15 во О.Врапчиште и 4 во М.Ростуше. Од почетокот на пандемијата до сега биле направени 605 тестирања за ковид.
„Споредено со останатите региони, бројката на заболени во гостиварско е помала. Во периодот што следува треба да продолжиме, сите институции да се ангажираме и да укажуваме граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките. Ова е особено важно, со оглед дека ќе се спроведува кампања за изборите со што се зголемува и ризикот. Исто така, во очекуваме доаѓање на иселениците, па планираме преку едукативни и информативни материјали и нив да ги потсетиме на неопходните мерки за заштита од ковид“, рече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
На инфективното одделение во гостиварската болница хоспитализирани се девет пациенти, кои се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.
-
Гостиварпред 2 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград