Поврзи се со нас

Гостивар

Во основните училишта во Гостивар започна уписот на првачиња

Објавено

на

Од денес (4 мај) официјално започна уписот на деца во прво одделение. Запишување на првачиња што ќе се спроведува во текот на целиот месец мај, годинава има неколку новини. Документите за упис, освен директно во училиштата, може да се поднесуваат и електронски, преку системот e-uslugi.gov.mk. Исто така, новина е што покрај вообичаените потврди и лична документација, (извод од матична книга на родени, копија од лична карта на еден од родителите, потврда за примени вакцини, потврда за стоматолошки преглед) годинава треба да се достави и потврда за извршен очен преглед.

Основните училишта во Гостивар ги отворија вратите за првоодделенците и се подготвени да ги спроведат уписите.

„По продолжениот викенд, денес официјално започна уписот во прво одделение. Од оваа година новина е што родителите треба да достават и потврда од офталмолог, а со оглед дека претходно не беа известени за ова, може потврдата да ја донесат и дополнително, најдоцна до почеток на новата учебна година. Уписот може да се направи директно во училиштето или онлајн, а документите ги разгледува посебна комисија. Родителите имаат навика да доаѓаат лично во училиште со децата за запишување, и секако треба време за да се создаде нова навика, па како ќе биде сега, ќе видиме“, рече Шпреса Усеини, директорка на ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар, каде во централното училиште ќе се формираат четири паралелки со првачиња.

Училиштата се должни да ја почитуваат и одлуката за реонизација, што ја донесе Советот на општина Гостивар на последната седница. Со неа е определено кое дете во кое училиште треба да тргне во прво одделение, според местото на живеење. Реонизацијата е со цел да има порамномерна распределба на ученици.

Во прво одделение во новата учебна година се запишуваат деца родени во 2015-та година. По барање на родителот, може да се запишат и деца кои ќе полнат 6 до 31 јануари 2022, но со добиено мислење од педагог и психолог од училиштето.

Уписите со доаѓање во училиштата ќе се одвиваат со посебен протокол за заштита од коронавирус. Задолжително е носење маски, одржување на растојание од два метри, дезинфекција, проветрување на просторијата за разговор и слично.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена