Поврзи се со нас

Вести

Во петок во Гостивар премиера на Вртлог-претстава посветена на борбата против ХИВ

Објавено

на

Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар во петок навечер (2 ноември), премиерно ќе биде изведена драмската претстава „Вртлог“. Претставата, во која игра актерска екипа од Театар Дунек е посветена на борбата против ХИВ/СИДА и пренесува порака до младите да се информираат и да водат сметка за своето сексуално здравје.

Драмата се реализира на иницијатива на невладината ХЕЛП од Гостивар, а со поддршка на ХЕРА. „Сакаме на сликовит и интересен начин, да ги едуцираме младите за ризикот, опасностите и начинот на заштита од ХИВ. Нашите истражувања покажаа дека тие не се доволно информирани на оваа тема и токму затоа ја покренавме иницијативата за ваков проект“, велат од ХЕЛП.

Во претставата учествуваат: Нинослав Нанков, Ивана Мерџаноска, Константина Ѓурковиќ, Филип Маџоски, Теодора Волческа, Ана Синадиноска, Виктор Анѓелкоски, Војкан Михајлоски и Тома Стојаноски. Режијата и сценариото се на Ѓорѓи Нешкоски.

Премиерата е закажана со почеток во 20 часот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена