Поврзи се со нас

Култура

Во петок во Гостивар се игра ,,Чернодрински се враќа дома“ од Горан Стефановски

Објавено

на

Петочната вечер ќе биде празник за љубителите на театарот во Гостивар. На сцената на Ценатрот за култура „АСНОМ“ ќе биде поставена драмата ,,Чернодрински се враќа дома“ од Горан Стефановски, дипломска претстава на класата на професор Рубенс Муратовски.

Улогите во претставата ги играат: гостиварецот Марко Дојоски, Моника Ставревска, Дарко Карбески, Емилија Петрова, Мартин Минговски и Мишо Димитријевски.

“Најстрашни се оние времиња кога самиот дом се претвора во туѓина, во џенем, во јабана. Кога човек е на своето огниште а саштисан и отуѓен како змија да го полазила.Кога е внатрешно раселено лице. Кога ,,т’гата,, не е поради отсуство туку поради присуство. Кога седи среди куќи, а не може да си ја препознае домата. На друго место, други места, ДОМА…”, стои во мислата на великанот на македонската драматургија, Горан Стефановски.

Дозволете си 75 минутно театарско уживање! Претставата започнува во 20 часот, а влезниците чинат 100 денари.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена