Гостивар
Во подготовка е долгорочен план за управување со дивокозите во НП Маврово
Националниот парк Маврово изготвува долгорочен план за управување со дивите кози. На работилница што се одржа деновиве во Маврово се дискутираше за значењето на дивокозата и нејзината бројност на територијата на националниот парк. Во подготовката на планот учествува бугарскиот експерт Костадин Валчев кој во текот на февруари ќе престојува во паркот за да се запознае подетално со теренските прилики и живеалишта на дивата коза.
Целта на сите овие активности е да се создаваат услови за заштита на дивата коза, да се намалат заканите и ризиците по ова животно, рече директорот на НП Самир Ајдини.
Балканската дивокоза припаѓа на класата цицачи, во редот на парнокопитари. Може да достигне висина до 80 cm, а должина до 130 cm. Некои мажјаци достигнуваат тежина и до 40 kg, додека женките се помали и со помала тежина. Се храни со тревести растенија, млади листови од високо планински грмушки, капини и малини. Животниот век им е до 20 години.
На подрачјето на Националиот парк Маврово 15-тина години се спроведува проект за закрепнување на балканскиот рис, кој до сега дава позитивни ефекти за заштита на критично загрозениот вид на рис. Активностите се насочени кон прогласување на нови заштитени подрачја, ефективност на веќе постоечките, законска регулатива значајна за рисот, едукација на локално население, истражување и мониторинг, одржлив лов и борба против криволовот.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 3 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба