Вести
Во подготовка стационар за кучиња скитници во Гостивар

Еден од објектите на старата касарна во Гостивар ќе се претвори во стационар за згрижување на бездомни кучиња. Подготовките се веќе отпочнати, се градат посебни боксови каде ќе се сместуваат и третираат животните. За заловување ќе биде задолжена шинтерска служба, а за вакцинирање, стерилизирање и обележување на кучињата ќе бидат ангажирани двајца ветеринари.
„Сакам да најавам дека во Гостивар наскоро ќе започне со работа центарот за кучиња скитници. Ќе се обезбедат 20 боксови за кучиња. Со самото тоа што кучињата соодветно ќе се третираат, ќе се стерилизираат и ќе добијат чипови, потоа нема да претставуваат опасност за граѓаните. Се надевам дека во иднина, центарот ќе прерасне и во регионален“, рече градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
Доколку подготовките течат според планираното, стационарот би се отворил кон крајот на следниот месец.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022